Шекеринска: Повеќе шанси, повеќе работни места за младите во Македонија

Носителката на кандидатската листа на СДСМ во изборна единица 5, Радмила Шекеринска, денеска се сретнасо граѓаните на Охрид. Таа во изјава за медиумите истакна дека програмата на СДСМ има план за вработување на младите и повисоки плати, останување на младите во државава.
sdsm_plostad_ohrid_02
 
„Денеска во Охрид, разговараме со граѓаните за нашиот план за живот во Македонија, план кој гарантира, обезбедува, младите од целата наша држава да останат во татковината, тука да создаваат семејство, тука да најдат работа, тука да ги најдат своите шанси за успех. Во Охрид сите граѓани велат дека ова е проблем број еден, градот се празни, младите заминуваат, затоа што тука не гледаат ниту шанса за пристоен живот, ниту шанса за било каква работа. Нашиот план „За живот во Македонија“ го има овој проблем како приоритет број 1. Токму поради тоа, во планот „За живот во Македонија“ предвидуваме 140 милиони евра насочени кон домашните компании за да создаваат нови работни места и за да обезбедуваат повисоки плати. Дополнително ќе обезбедиме за сите домашни мали и средни претпријатија, кредити во износ од 15 илјади евра со камата од само 1% за да можат тие да се развиваат, исто така да отвараат нови работни места, да нудат подобри услови за работа за сите свои вработени. На младите од Македонија им обезбедуваме шанса и да почнат свој бизнис, да бидат сопствени газди и да ја искористат таа шанса преку неповратни 10 илјади евра дадени за секоја добра бизнис идеја. Дополнително својот бизнис во првите неколку години ќе можат да го основаат во стартап центрите низ повеќе градови во Македонија каде што нема да мора плаќаат ниту за простор, ниту за комуналии, ниту за дополнителни услуги и сервиси кои што ќе ги добиваат во самите стартап центри. На тој начин ќе обезбедиме повеќе шанси, повеќе работни места за младите во Македонија и ќе обезбедиме навистина животот да се развива тука во татковината. Ние излеговме пред македонската јавност со план „За живот во Македонија“. На 11 декември ќе го направиме првиот чекор“. – изјави Шекеринска.
sdsm_plostad_ohrid_01
WebOhrid