Василевски: ВМРО-ДПМНЕ макотрпно се залага за земјоделските политики

Кандидатот за пратеник на ВМРО ДПМНЕ во ИЕ5 Д-р Сашо Василевски денес се сретна со жителите во село Горно Лакочереј.Во изјава за медиумите, тој истакна:

„Земјоделството претставува примарна стопанска гранка и неоделив сегмент од економскиот и националниот развој на нашата држава. ВМРО ДПМНЕ покажува како се цени трудот на македонскиот земјоделец со тоа што макотрпно се залага за земјоделските политики. Додека нашите политички опоненти го потценуваат значењето на субвенциите како непотребни ВМРО ДПМНЕ им ја дава помошта што им е потребна на земјоделците за одржување и нивен развој. И повеќе од јасно им е на нашите граѓани дека остваруваме проекти за да го подобриме животот во македонските села.  Токму поради тоа во програмата РЕАЛНО од ВМРО ДПМНЕ е посветен голем дел за стопанските гранки земјоделство,шумарството и водостопанство.“ – рече Василевски.

Како што истакна Василесвски, во програмата на ВМРО-ДПМНЕ, РЕАЛНО предвидени се субвенции за земјоделците од кој секоја година 150 милиони евра подршка за земјоделството и руралниот развој. Додаде дека во период од 2017-2020 година вкупно 600 милиони евра ВМРО ДПМНЕ ќе намени за развој на земјоделството и руралните средини. 

„Поволни кредити за земјоделството, преработувачката индустрија и откупот на земјоделски производи, ќе продолжиме со додедлување на поволните кредити со субвенционирана каматна стапка од 4% и 5% на годишно ниво кои што се наменети за примарното земјоделско производство преработувачката индустрија и откупот на земјоделски производи, или 2% преку компензациските фондови. Субвенционирање на 50 % од каматните стапки за инвестициите од ИПАРД, односно 80% за млад земјоделец и за инвестиции капка по капка.За регистираните вршители на земјоделска дејност со Законот за вршење на земјоделска дејност како и за индивидуалните земјоделци согласно со Законот за пензиското и инвалидско осигурување ќе продолжат да се обезбедуваат 20% повисоки плаќања. Предвиден е гарантен фонд за полесен пристап до земјоделски кредити и поголема заштита на земјоделските површини од штети на земјоделски имот. Системски пристап кон заштита од полави. Во насока на времено спречување на последиците од поплавите ќе се пристапи кон системско планирање на инвестиционите интервенции во изградба на ифраструктура и примена на други мерки за заштита на критичните места во државата. ВМРО ДПМНЕ во својата програма РЕАЛНО има над 100 проекти кои треба да се реализираат само во три годишен период, само со една и едниствена цел да се подобри развојот на земјоделството во нашата земја. Токму поради ваквото темпо на работење и грижата за граѓаните ВМРО ДПМНЕ ја ужива довербата на народот и затоа на 11ти декември несомнено ќе ја добие поддршката.“ – истакна Василевски.