Јавен оглас бр.06/2016 за добивање локација со право за поставување на времени објекти на подрачјето на општина Охрид

Врз основа на Програмата за поставување на времени објекти во општина Охрид (“Сл.гласник на Општина Охрид” бр. 12/2016 ), како и врз основа на член 4 од Одлуката за поставување урбана опрема ( детски игралишта – забава на отворено, покриени и непокриени шанкови ) и времени објекти на подрачјето на општина Охрид број 08-16042/43 од 04.11.2016 година ( Службен гласник на општина Охрид бр. 21/2016 ), а во согласност со Одлуката за утврдување на цени за поставување на времени објекти во општина Охрид број 08-10300/6 од 11.07.2016 година („Сл.гласник на Општина Охрид” бр. 12/2016), донесени од Советот на Општина Охрид, Градоначалникот на општина Охрид објавува:

ЈАВЕН ОГЛАС бр.06/2016
за добивање локација со право за поставување на времени објекти
на подрачјето на општина Охрид

ИЗВОДИ НА ПЛАН ЗА ЛОКАЦИИ (pdf)

ПРИЈАВА ЗА УЧЕСТВО (word)
1. ПРЕДМЕТ НА ЈАВНИОТ ОГЛАС
Предмет на овој оглас е добивање локација за поставување на времени објекти на подрачјето на општина Охрид, по пат на јавно електронско наддавање.
Локациите, намената и површините на времените објекти се утврдени во Програмата за поставување на времени објекти во општина Охрид (“Сл.гласник на Општина Охрид” бр. 12/2016).
Предметот на јавниот оглас-локациите се делливи и секоја локација за времен објект претставува посебен дел, за кој се издава одобрение за поставување и се склучува договор.
Електронското јавно наддавање ќе се врши поединечно за секоја локација за времен објект.

2. ОПШТ ОПИС НА ВРЕМЕНИТЕ ОБЈЕКТИ, НАМЕНА И МЕСТОПОЛОЖБА НА ЛОКАЦИИТЕ:
Сите времени објекти опфатени со програмата и кои се предмет на овој оглас, се предвидува да бидат поставени со примена на градежни материјали кои овозможуваат монтажа и демонтажа, без употреба на лиено бетонски и армирано бетонски конструктивни елементи и платформи, односно од градежни маеријали кои не ја загрозуваат животната средина и при реализација на урбанистичкиот план лесно може да се отстранат.
Сите времени објекти кои се предмет на овој оглас, се предвидуваат само како приземни, со максимална висина на венец до 3,5 метри и висина на слеме добиена со минимален нагиб според видот на употребениот кровен покривач, само како заштита на објектот, со кота на приземјето во однос на теренот не повисока од 15 см.

Сите времени објекти кои се предмет на овој оглас, ќе бидат со намена продажба на храна, при што не смеат да ја загадуваат околината.

Локациите за поставување на времените објекти, како и бројот и површината на времените објекти се дефинирани како што следи:

LOKACIJA 5

vremen objekt

KP br

povr{ina- gabarit m2

namena

sopstve-nost na zemji{te

uredenost so infra-struktura

1

9897/4

16

proda`ba hrana

RM

ima

2

9897/4

16

proda`ba hrana

RM

ima

3

9897/4

16

proda`ba hrana

RM

ima

4

9897/4

16

proda`ba hrana

RM

ima

LOKACIJA 7

vremen objekt

KP br

povr{ina- gabarit m2

namena

sopstve-nost na zemji{te

uredenost so infra-struktura

1

16623/6

8

proda`ba hrana

RM

ima

LOKACIJA 8

vremen objekt

KP br

povr{ina- gabarit m2

namena

sopstve-nost na zemji{te

uredenost so infra-struktura

1

5634/1

400

proda`ba hrana

RM

ima

LOKACIJA 10

vremen objekt

KP br

povr{ina- gabarit m2

namena

sopstve-nost na zemji{te

uredenost so infra-struktura

1

10778/1

12

proda`ba hrana

RM

ima

LOKACIJA 11

vremen objekt

KP br

povr{ina- gabarit m2

namena

sopstve-nost na zemji{te

uredenost so infra-struktura

1

10016

80

proda`ba hrana

RM

ima

9586/1

Деталната местоположба на локациите на кои ќе бидат поставени времените објекти, можат да се видат од микролокациските услови, кои можат да се подигнат секој работен ден од 08:00 до 16:00 часот, од Секторот за урбанизам и управување со градежно земјиште при општина Охрид.

3. ПРАВО НА УЧЕСТВО НА ЈАВНИОТ ОГЛАС:
Право на учество на јавниот оглас имаат домашни и странски правни и физички лица, под услови утврдени со јавниот оглас.
Јавниот оглас трае од денот на објавувањето па се до 15.12.2016 година до 13:00 часот.

Право на учество на јавно наддавање имаат сите домашни и странски правни и физички лица, кои најдоцна до денот и часот на јавното отворање на понудите ќе положат и ќе достават потврда за уплатен гарантен депозит до Комисијата, како и докази дека ги исполнуваат условите за учество на јавното наддавање.
Депозитот изнесува 20% од почетната цена по метар квадратен, утврдена за локациите за времени објекти, за кои понудувачот доставил понуда, пресметана по површина на годишно ниво и треба да биде изразен во денари и се уплаќа на следната сметка:
Трезорска сметка: 100000000063095;
Сметка на буџетски корисник: 7520140614 630 10;
Приходна шифра: 723914 Програма 00.
За уплатениот депозит, се доставува потврда за уплатата, која треба да се приложи со докуметите за идентификација најкасно на денот и часот на јавното отворање на понудите.
Секој понудувач може да учествува на јавниот оглас со давање понуда за една или за повеќе локации кои се предмет на јавниот оглас.
Јавниот оглас се смета за успешен и во случај да се избере најповолен понудувач за дел од локациите.

4. РОК И ПОЧЕТНА ЦЕНА ЗА ЈАВНОТО НАДДАВАЊЕ
Правото за поставување на времени објекти се определува за период од 5 (пет) години.
Општина Охрид го задржува правото за предвремено еднострано раскинување на договорот за поставување на времените објекти, заради потребите на општина Охрид, а отстранувањето на времените објекти ќе биде на товар на лицата кои го добиле правото за нивно поставување.
Доколку во текот на постапката, која трае до потпишувањето на договорот, се случат непредвидени околности кои го прават невозможно понатамошното водење на постапката, општина Охрид го задржува правото да ја запре постапката, односно да не го потпишува договорот, за што не сноси никаква одговорност.
Понудената цена за добивање право за поставување на времените објекти од страна на понудувачот треба да биде изразена во денари.
Почетната цена за електронското јавно наддавање, поединечно за поставување на секој времен објект утврден во локациите опишани во табеларниот преглед од точка 2 на оваа одлука ќе изнесува:

Локација 5 (4 времени објекти), почетната цена изнесува 200 денари по м2 месечно, за секој времен објект поединечно ;

Локација 7 (1 времен објект), почетната цена изнесува 500 денари по м2 месечно, за секој времен објект поединечно ;

Локација 8 (1 времен објект), почетната цена изнесува 100 денари по м2 месечно, за секој времен објект поединечно;

Локација 10 (1 времен објект), почетната цена изнесува 300 денари по м2 месечно, за секој времен објект поединечно;

Локација 11 (1 времен објект), почетната цена изнесува 300 денари по м2 месечно за секој времен објект поединечно.

Минималниот износ со кој може да се лицитира од моментот на највисоката понуда изнесува 1,оо денар, а максималниот износ со кој може да се лицитира изнесува 5,оо денари.

5. ВРЕМЕ И МЕСТО НА ЈАВНО ОТВОРАЊЕ НА ПОНУДИТЕ:
Јавното отворање на пристигнатите понуди ќе се изврши на ден 15.12.2016 година со почеток во 13:00 часот, во просториите на Голема сала при општина Охрид.

6. ЈАВНО ЕЛЕКТРОНСКО НАДДАВАЊЕ:
Предмет на електронското јавно наддавање ќе биде цената по метар квадратен, нa месечно ниво, утврдена во точка 4 од овој оглас.
На јавното електронско наддавање може да учествуваат само понудувачите кои имаат доставено уредна документација за јавниот оглас и имаат уплатено гарантен депозит.
Јавното електронско наддавање ќе се одржи во рок од 15 ( петнаесет ) дена од јавното отворање на понудите.
За јавното електронско наддавање, во рок од 5 дена пред неговото одржување, учесниците што ги исполнуваат условите за учество на јавното наддавање, ќе бидат известени по електронска пошта и телефонски од страна на Комисијата за спроведување на постапката.

7. ВРЕМЕТРАЕЊЕ И НАЧИН НА ЈАВНОТО ЕЛЕКТРОНСКО НАДДАВАЊЕ:
Времетраењето и начинот на јавното електронско наддавање ќе биде определено со Правилник кој благовремено ќе им биде доставен на понудувачите.

8. ЗАДОЛЖИТЕЛНА ДОКУМЕНТАЦИЈА/ЕЛЕМЕНТИ НА ПОНУДАТА која треба да се приложи:

Потврда од надлежен орган, дека правното лице не е под стечај, во оригинал или заверена копија кај нотар и не постара од 6 месеца, односно потврда издадена од надлежен орган, дека не е изречена забрана за вршење на професија, дејност или должност, за физичките лица;

Потврда од Управата за јавни приходи за платени даноци, придонеси и други јавни давачки, оригинал или копија заверена кај нотар и не постара од 6 месеци;

Доказ за уплатениот износ-депозит за учество на огласот.

9. ОБВРСКИ НА НАЈПОВОЛНИОТ ПОНУДУВАЧ:
Најповолниот понудувач во рок од 30 ( триесет ) дена од склучувањето на Договорот, има обврска да достави идеен проект во 3 примероци согласно микролокациските услови за секој поединичен времен објект.
Најповолниот понудувач е должен да извади одобрение за поставување на времен објект, во рок од 45 ( четириесет и пет ) дена, од денот на склучувањето на договорот, а во спротивно не постапувањето по оваа обврска ќе биде услов за раскинување на договорот, враќање на платената закупнина и губење на гарантниот депозит.
Плаќањето на годишната закупнина за издадените локации ќе се врши врз основа на доставена фактура од страна на општина Охрид.
Плаќањето на закупнината за првата година, најповолниот понудувач е должен да го изврши во рок од 10 дена од денот на склучување на договорот, додека за наредните години, плаќањето ќе се врши однапред за целата година но не подоцна од 15-ти фЕВРУАРИ за деловната година.

10. ПОСТАПКА ПО ЗАВРШУВАЊЕ НА ЈАВНО ЕЛЕКТРОНСКО НАДДАВАЊЕ:
По завршувањето на постапката Комисијата доставува предлог до Градоначалникот на Општина Охрид, за избор на најповолен понудувач со предлог за склучување на договор.
Градоначалникот на Општина Охрид и најповолниот понудувач, склучуваат договор во кој покрај начинот на плаќање на постигнатата цена, посебно се утврдуваат правата и обврските на договорните страни.
Доколку најповолниот понудувач се откаже од склучувањето на договорот ќе му се реализира гарантниот депозит.
Комисијата по завршување на јавното наддавање, ќе го врати положениот депозит на оние учесници во наддавањето чии понуди не се прифатени и тоа
во рок од 15 дена од денот на јавното електронско наддавање. Депозитот уплатен од страна на најповолните понудувачи со кои е склучен договор ќе им биде пресметан во закупнината.
Договорот со најповолниот понудувач се потпишува во рок од 15 дена по правосилноста на решението за избор на најповолен понудувач.

11. НАЧИН НА ДОСТАВА НА ДОКУМЕНТАЦИЈАТА:
Документацијата да биде доставена во затворен коверт, на кој во левиот горен агол ќе стои „не отворај” и бројот на огласот.
Документацијата се доставува лично во архивата на општина Охрид или по пошта на следнава адреса: ул.’’Димитар Влахов’’ бр.57; 6000 Охрид ( Доколку понудата се доставува по пошта, истата треба да пристигне во архивата на општина Охрид, најкасно до денот и часот на отворање на понудите-15.12.2016 година, 13:00 часот ).
Пример за адресирање на плик за достава:

‘’НЕ ОТВОРАЈ’’
‘Да не се отвора пред 15.12.2016 година, пред 13:00 часот’’
Оглас бр.06/2016

Општина Охрид
Комисија за спроведување на оглас за доделување на правото за поставување на времени објекти
Ул.’’Димитар Влахов’’ бр.57
6000 Охрид

Некомплетната понуда нема да биде предмет на разгледување од Комисијата.
Рок на доставување на понудата е од денот на објавувањето на огласот па се до 15.12.2016 година до 13:00 часот.
Општина Охрид нема никаква одговорност за ненавремена достава на понудата, нејзино предвремено отворање или гинење на истата.
На денот на отворањето на понудите треба да презентираат документи за идентитет и тоа:

полномошно за претставници на правните лица, издадено од правното лице;
лична карта за физички лица;
Подетални информации заинтересираните лица можат да добијат на тел: 046/262-492; локал: 138