Во врска со денешната прес-конференција на ОО на СДСМ Охрид, реакција испрати ОК на ВМРО-ДПМНЕ Охрид, во која стои:
„Охридската јавност конечно ги виде лицата и ги слушна гласовите на СДСМ во градот Охрид најверојатно разбудени од длабок зимски сон. Но целокупната јавност наместо да слушне конкретни проекти со издржани стратегии за нивна реализација согледаа само од ракав извадени реченици.
Токму преку ваквите пресови на СДСМ може РЕАЛНО да се согледа разликата помеѓу она што тие го ветуваат, а ВМРО ДПМНЕ веќе го реализира.
Потенцираме дека ВМРО ДПМНЕ е сериозна политичка партија зад која стојат безброј реализирани ветувања, а истото тоа ќе се случи и со реализацијата на програмата РЕАЛНО на ВМРО ДПМНЕ за периодот 2017-2020. Таму постојат вистински проекти за домашните фирми, за нови работни места, за инвестии, иновации, стратегија за млади лица и за уште многу други области.
Впрочем опозиционерите предводени од Томислав Тунтев можат сето ова да го согледаат доколку ја земат нашата програма РЕАЛНО и добро ја научат.
Од друга страна народот веќе препознава која е суштинската разлика помеѓу лажните ветувања и ветувањата дадени од ВМРО ДПМНЕ со конкретна стратегија за нивно реализирање, а тоа несомнено ќе се покаже и докаже на 11ти декември кога граѓаните ќе ја дадат довербата на ВМРО ДПМНЕ и ќе заокружат број 1.“- стои во реакцијата.