Над 60.000 посетители во Веро центар за време на „Деновите на Италија“

Професионални готвачи од Италија изминатиот викенд во Веро за потрошувачите приготвуваа храна според традиционални италијански рецепти, која потоа можеше да се дегустира.

Повеќе од 60.000 посетители на „Веро“ изминатиов викенд уживаа во италијански специјалитети, најквалитетно еспресо, пармезан, моцарела и други оригинални прехранбени производи од Италија во рамките на манифестацијата “Денови на Италија“ што се одржуваше во Веро центар во Скопје.

Компанијата Веро специјално за овој настан донесе професионални готвачи од Италија кои на посетителите на манифестацијата три дена им ги откриваа тајните на италијанската кујна. За потрошувачите на „Веро“ готвачите приготвуваа различни видови паста, сосови, пици и други видови храна карактеристични за Италија, која потоа присутните можеа да ја пробаат. Додека готвеа, готвачите споделуваа традиционални италијански рецепти и различни трикови за нивно приготвување.

denovi-na-italija2

Освен што пробаа различни италијански специјалитети, посетителите на „Денови на Италија“ имаа можност да дегустираат специфични сирења од различни региони на Апенинскиот Полуостров, односно различни видови пармезан, горгонзола, моцарела, полутврдо козјо сирење, свежо сирење за мачкање и слично.

„Во Македонија владее голем интерес за италијанската кујна, што се докажа преку големата посетеност на манифестацијата „Денови на Италија“, но и преку огромниот интерес на потрошувачите кои купуваа италијански производи во Веро маркетите. Нашата цел е да ја приближиме интернационалната кујна до македонските потрошувачи на многу непосреден начин. Токму поради тоа обезбедивме професионални готвачи од Италија кои приготвуваа италијански рецепти на традиционален и оригинален начин. Специјалитетите и нивната презентација беа едноставни за да може лесно да ги приготви секој љубител на оваа храна “– велат од менаџментот на „Веро“.

Според проценките на менаџментот, посетата на Веро центар за време на одржувањето на „Денови на Италија“ била зголемена за околу 35% споредено со другите денови кога не се одржува некаков настан. На секој ден од одржувањето на манифестацијата имало над 20.000 посетители дневно.

denovi-na-italija1

Маркетите на „Веро“ изобилуваат со значително голем број ексклузивни италијански производи кои им се достапни на потрошувачите по прифатливи цени. Годинава во „Веро“ потрошувачите може да се снабдат со оригиналното италијанско еспресо од брендот „бариста“, како и со свежо приготвена паста во секое време. Во маркетите може да се набават и познатите италијански панцероти од брендот „Soavegel “ и оригинална италијанска пица. За љубителите на млечните производи, меѓу другото, достапни се различни видови горгонзола, пармезан, моцарела, свежо сирење за мачкање и полутврдо козјо сирење „ла капрела“, како и надалеку прочуената италијанска пршута. Сите што сакаат италијански десерти ќе се воодушеват од тартот со кајсии, колачот со јогирт, браунис “дел касале гечеле“, како и од прочуениот сладолед од брендот „тuttogelo“.

„Изминативе години „Веро“ на македонскиот пазар се профилираше како бренд кој се гордее со своето огромно портфолио на различни производи. Организирањето на „Деновите на Италија“ е продолжение кон остварувањето на таа мисија. Постојано се трудиме да ги изненадиме и наградиме нашите верни потрошувачи со најквалитетни производи, така што и во празничниот период што следи ќе им го обезбедиме најдоброто“ – велат од менаџментот на „Веро“.

denovi-na-italija4