Домазетоски: Ќе донесеме нов закон за Безбедност на сообраќајот на патиштата по европски терк

Во просториите на ОК на ВМРО-НП Охрид, кандидатот за пратеник во ИЕ 5 од коалицијата ВМРО за Македонија,  Рајко Домазетоски денес одржа прес-конференција.

„Сакам да ја запознаам пошироката јавност за еден невиден преседан што од почетокот на месец јануари се случува во Република Македонија, со најновите измени во Законот за безбедност во патниот сообраќај нешто што засега илјадници граѓани во оваа држава ( пред се млади луѓе ), одредби од законот, кој што се противуставни, противречни и контрадикторни, нејасни и крајно неприфатливи за една голема популација на граѓани – граѓани од кои што сега истите тие кои што ги изгласале овие одредби во законот ќе го бараат нашиот и ваш глас. А се разбира кои ги изгласала, гласачката машинерија на ВМРО ДПМНЕ, во институција која треба да биде олицетворение и глас на народот – македонскиот парламент. Напоменувам- треба да биде. Имено, било кој од нас кога се движи по улица сигурно забележал возило од авто-школа со кое се оспособува кандидат за иден возач, кој што понатака ќе може самостојно да учествува во сообраќај, се разбира после положувањето на возачкиот испит. Ништо невообичаено нели, би помислил секој. Точно, ништо невообичаено, со еден мал „незначаен детал“, – возилата се опремени со камери што овозможуваат аудио и видео запис, замислете, се движат по улица и снимаат се’, ( само што овие не се жолти комбиња), се со цел да се обезбеди доказ дека е спроведена обука, т.е. дека кандидатот ја поседувал теоретската и практичната настава.“-  истакна Домазетоски.

Како што истакна тој се работи за прилично чувствителна и комплексна област како што е сообраќајот, без која што не може да се замисли нашето секојдневие, каде што и најмала грешка може да доведе до предизвикување на кобни последици.

„Од суштинско значење е квалитетната едукација, од аспект на припрема, подготовка и оспособување на младите генерации – кандидати за возачи,( и не само на младите генерации, бидејќи на обука и оспособување како кандидати за возачи доаѓаат неретко и повозрасни лица) со крајна цел самостојно вклучување и учество во процесот на сообраќај и безбедно управување со моторно возило, со акцент на континуирана грижа и респектабилен однос кон сите учесници во сообраќајот несомнено е дека возачите- инструктори, и авто-школите во ваквиот воспитно-образовен процес играат клучна улога во едукација на идните млади возачи не само непосредно како возачи туку и индиректно како останати учесници во сообраќајот.“- истакна Домазетоски..

Според него, како ресорно министерство, министерството за внатрешни работи во чиј што домен е контролата на сообраќајот, со крајна цел поголема безбедност на сите учесници во сообраќајот сосема е нормално да воспостави предлог-законски мерки како и подзаконски акти и прописи кои што ќе придонесат за побезбеден сообраќај.

„Одредбите од законот кои предвидуваат видео надзор во постапката за спроведување на возачкиот испит, сметам дека се оправдани и замислени да бидат во функција на заштита на кандидатите за возачи кои што го полагаат возачкиот испит а секако и заштита на членовите на комисијата од испитниот центар кои што го спроведуваат испитот, меѓутоа да се дрзнете да ставите аудио и видео надзор како доказ дека се спроведува обука во автошколите е дефинитивно на крај на умот. Од сите горенаведени причини и се поднесоа две иницијативи до Уставниот суд за преиспиутување на ваквите законски решенија, едната од Националното здружение на автошколи и возачи инструктори а другата од мене лично и нормално Уставниот суд не поведе иницијатива за оценување на уставноста и законитоста со образложение дека : Цит: Воведувањето на камерите во возилата е во функција на грижа за животот и здравјето на луѓето и заштита на човековата околина. Мислам дека секаков коментар е непотребен.“ – рече Домазетоски.

За излез од ваквата ситуација, Коалицијата ВМРО за Македонија доколку ја добие довербата од граѓаните на претстојните избори ќе ги преземе следните мерки:

„1.Ќе донесеме нов закон за Безбедност на сообраќајот на патиштата по европски терк, а не како постоечкиот во кој што од казни и санкции не може ништо да се забележи

2. Ќе ја преиспитаме работата на испитните центри, заради елиминирање на нивната монополска улога во оваа сфера со контрола од страна на МВР од суштинска, а не формална природа и ќе го промениме начинот на нивно финансирање, а секако со тоа ќе престане нивното самоволие кога е во прашање возачкиот испит, од чекање по неколку часа за да се спроведе возачкиот испит, доцнење и игнорантски однос, како и полагање на возачки испит за време на викенди.

3.Во склад со нашата фискална и даночна политика ќе ја сведеме даночната стапка од 18% на трошоците за полагање на возачкиот испит на стапка од 5% со што ќе ги растеретиме граѓаните од непотребни давачки при полагање на испитот кои во моментов не се занемарливи и изнесуваат околу 100 еур,

4.Министерството за внатрешни работи, Националното здружение на автошколи и возачите инструктори, се најдиректни чинители од кои што зависи безбедноста на сите учесници во сообраќајот и нивниот однос мора да биде рамноправен, партнерски и респектибилен, со взаемна почит и соработка.“– заврши Домазетоски.

 WebOhrid