Во пресрет на Патрониот празник на училиштето „Св. Климент Охридски“ – Охрид, во тек се интензивните подготовки, каде учениците под менторство на своите наставници, педагогот и со поддршка на родители, преку балетски точки, рецитал, хор и низа други активности, се подготвуваат да оддадат почит на големиот чудотворец и Патрон.
Свечената приредба ќе се одржи на 8-ми декември во 19,00 часот во НУ Дом на култура „ Григор Прличев “ – Охрид.
Паралелно со активните проби, привршува и изградбата на спортското игралиште во училишниот двор, каде се поставува гумена подлога. Тоа ќе биде најсовремено спортско игралиште во нашиот град.