Тампонирани повеќе улици во Лактиње

Општина Дебрца изврши тампонирање на најоштетените и најнепристапни улици во село Лактиње.Според Градоначалникот Игор Трајкоски, со овој градежен зафат се потврдуваат напорите на општината за подобрување на животот на жителите на целата територија.

0-laktinje-tampon-11

„Станува збор за тампонирање на повеќе локални улици во село Лактиње, со ширина од 3 метри и вкупна должина од 700 метри. Се надеваме дека со тампонирањето на овие улици жителите ќе имаат подобра и полесна комуникација, како и олеснат сообраќаен пристап.”, истакна Градоначалникот.

0-laktinje-tampon-44_cr