ВМРО-ДПМНЕ: Шекеринска да даде значајни одговори кои и ги должи на целокупната македонска јавност

Во врска со денешната прес-конференција на носителката на кандидатската листа во изборна единица 5, Радмила Шекеринска, реакција испрати ОК ВМРО-ДПМНЕ, во која стои:

„Еден од главните црни ликови во историјата на македонската политичка сцена, госпоѓата Радмила Шеќеринска очигледно повеќе од потребно е да го согледа и преиспита своето политичко милје и да даде значајни одговори кои ги должи на целокупната македонска јавност.

Г-ѓа Радмила Шеќеринска, Ве повикуваме, токму приликата на Вашата посета во град Охрид да ја искористите и да дадете одговори на сите оние конфузни политики и ставови на СДСМ.

Затоа дадете одговор каков е Вашиот став во однос на изјавите на Вашиот лидер за федерализација и кантонизација на територијата на Република Македонија?

Каков е Вашиот став и одговор во однос на двојазичноста која ја пропагира СДСМ за целата територија на Република Македонија вклучувајќи го и градот Охрид?

Дури откако ќе ги одговорите овие прашања, македонската јавност би сакала да им се објасни за бомбона бизниси и слични изјави од Ваша страна, но и за сите лажни тематски ветувања кои Ви се од ракав извадени, измислени и презентирани преку вашите пресови, налик на денешниот.

Но бидете сигурни дека граѓаните добро знаат која е вистинската опција и партија која води успешни политики За Република Македонија. Несомнено тоа е ВМРО ДПМНЕ.“- се вели во реакцијата.