Заштитете ги водомерите од мрзнење

Од МЈП „Проаква“ РЕ „Водовод“ – Охрид ги информираат корисниците дека поради ниските температури постои можност за разни дефекти на водомерите предизвикани од мрзнење.

„Поради тоа потребно е истите да ги заштитат како би избегнале дополнителни трошоци за санација кои се наплаќаат од наша страна.“ велат од претпријатието.