Ученик од ОУ „Христо Узунов“ ќе учествува на Олимпијада по природни науки во Холандија

По повод „Ноември – месецот на Науката“,  ОУ „Христо Узунов“ учествуваше со десет ученици од VII и VIII одделение на натпревари по биологија и физика по повеќе дисциплини, експериментирање, изработка на проекти и покажување на знаење преку тест натпревари.

Во областа на Биологијата за покажување знаење за тест натпревар ученикот од VIII – 1 одд. Дамјан Велјаноски го освои второто место и со тоа се здоби со право да учествува во тимот на ученици кои се подготвуваат да учествуваат на Олимпијадата од областа на Природните Науки која за првпат ќе се одржи во Холандија идната година.

Учениците и наставникот ментор Лиле Белева се стекнаа со сертификати за учество на овој државен натпревар, кој беше мошне масовно посетен од голем број на ученици од цела Македонија.

GE DIGITAL CAMERA
GE DIGITAL CAMERA