СВР Охрид поднесе кривична пријава против седумнаесет годишник од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. На 24.03.2016 година околу 20.30 часот од страна на полициски службеници, во близина на зградата во која што живее пријавениот, бил извршен преглед над истиот и биле пронајдени 6,4 грама наркотична дрога марихуана.
СВР Охрид поднесе кривична пријава против С.Р. (40) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. Од страна на полициски службеници на 20.05.2016 година, извршен е претрес во патничко возило, паркирано во неговото дворно место, при што се пронајдени 6,3 грама наркотична дрога марихуана и 3,4 грама таблети МДМА.