Во Охрид ќе се спроведе „Улична анкета“ за управување со отпад

Активната вклученост на заедницата и интерактивното учество се сметаат за основни елементи на успешниот процес на планирање, од самиот почеток на овој проект. Токму заради тоа граѓаните ќе имаат можност да го искажат своето мислење, како и ставовите за проблемите поврзани со управувањето со отпад. За таа цел во рамките на проектот, предвидено е спроведување на уште една Улична анкета, каде што ќе биде возможно да се воочи зголемувањето на свеста на граѓаните во однос на управувањето со отпадот.