Поради долг со нож повредено лице од Кичево

Вчера околу 16:30 часот во Кичево, на ул. „Маршал Тито“, поради нерасчистени должничко-доверителни односи, при расправија, А.Л. (56) од Кичево со остар предмет му нанел повреда во пределот на стомакот на А.Д. (49) од Кичево.

Повредениот бил пренесен во Медицински центар Кичево, каде му била укажана лекарска помош. Поради сериозноста на повредата истиот бил препратен во Ургентен центар Скопје. А.Л. е лишен од слобода и задржан во полициска станица за понатамошна постапка.

Увид извршила екипа од НККР Кичево. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.