На 3 декември 2016 година, царинските службеници од граничниот премин Табановце спречија обид за шверц на 8 килограми марихуанa.
На 3.12.2016 година околу 15:00 часот на излез од Република Македонија, на граничниот премин Табановце – автопат, се пријавило патничко моторно возило марка „Smart“ со албански регистарски таблици управувано од осомничениот Б.О. (56) од Р.Албанија.
И покрај тоа што пријавениот одговорил дека нема ништо за пријавување, царинските службеници се посомневале во одговорот, по што возилото било селектирано за преглед.
При прегледот на возилото, во задниот дел од левиот и десниот праг, во фабричка шуплина, царинските службеници пронашле вкупно 27 пакетчиња со различна големина, облепени со кафеава селотејп трака наполнети со наркотична дрога – марихуана со вкупна тежина од околу 8 килограми. Во разговор со осомничениот, утврдено е дека за паричен надомест од 4.000 евра, со лица од Албанија се договорил да пренесе поголема количина на наркотична дрога од Албанија за Чешка.
Против сторителот, Царинската управа поднесе кривична пријава за сторено кривично дело „Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги психотропни супстанции и прекурсори“ до надлежното јавно обвинителство.