Средба на министерот Чавков со амбасадорот Бејли и генералот Фрејзер

Министерот за внатрешни работи м-р Митко Чавков денес во МВР ги прими американскиот амбасадор во РМ, Џес Бејли како и генерал Вилиjам Фрејзер III, кој на чело на делегација на армијата на САД а во рамки на Капстон програмата е во посета на нашата земја.

На средбата, меѓу другото, се разговараше за одличните и долгогодишни релации меѓу Република Македонија и САД, како и околу теми од сферата на безбедноста.