Василевски: Охрид заслужува да добие еден од најпрестижните конференциски центри во Европа

Туризмот претставува услужна стопанска дејност која е еден од примарните иницијатори како за развиток на нашиот град Охрид така и за равиток на нашата земја. Затоа ВМРО ДПМНЕ неуморно се залага за оваа област која од година во година станува се позначаен двигател за генерирање на економски раст и пораст на животниот стандард на нашите граѓани. Во програмата РЕАЛНО предвидени се проекти за подобрување и промоција на туризмот во Охрид. Ова го истакна на денешната прес-конференција, која се одржа во Даљан, кандидатот за пратеник од ВМРО ДПМНЕ во ИЕ 5 Д-р Сашо Василевски.

„Охрид како една од најголемите туристички дестинации во Република Македонија заслужува да добие еден од најпрестижните конференциски центри во Европа. Тоа ќе биде конгресен центар кој што ќе содржи повеќе објекти за организирање на настани, конференции, семинари, собранија, специјалистички предавања од разни области, од големи деловни собири до свечени манифестации, изложби, промоции, банкети и гала вечери со вкупен капацитет од околу 1.500 луѓе истовремено. Конгресниот центар ќе содржи: врвно опремени 6 мултифункционални сали за саемски изложби и состаноци со капацитет од 100 луѓе, една голема сала за најмалку 1.000 луѓе,2 -3 мали сали за билатерални средби, кино сала со капацитет за 200 лица, ресторан и паркинг простор. Цекупниот комплекс ќе биде изгрден во населбата Даљан и неговата изградба ќе изнесува 10.000.000 евра.“–  рече Василевски.

izjavavasilevski03

Како што рече тој, со изградбата на овој конгресен центар се надополнува туристичкиот капацитет и видот на услуги кои ги овозможува Охрид и воопшто Република Македонија.

„Со цел дооформување и разубавување на Охридското Езеро во делот на јавните површини наменети за прошетки на граѓаните и туристите се планира изградба на пешачка патека од градското пристаниште преку црквата “Св. Јован Канео” до плажата Лабино. Пешачката патека ќе биде изградена со широчина од 3,5 м која во првиот дел ќе се надоврзува на постојаната патека од пристаништето кон Канео, ќе навлегува над езерото, ќе го следи брегот односно крајбрежните објекти и плажи. Првиот дел од патеката е поделен на две делници со вкупна должина од 755 м, вториот дел ќе се одвојува како крак од постојаната камена патека веднаш над црквата Св. Јован Канео и ќе води кон плажата Лабино со вкупна должина од 529м. Градот Охрид е преставен во топ 10 туристички дестинации во светот и наша обврска и должност е да го задржиме овој примат и да продолжиме да го промовираме нашиот град како атрактивна туристичка дестинација.“- додаде Василевски.

На крајот уште додаде дека ВМРО ДПМНЕ во наредните четири години континуирано ќе работи за туристичките дестинации во нашата земја и ќе го гради постојаниот препознатлив туристички имиџ на Република Македонија и градот Охрид.

izjavavasilevski01

WebOhrid