Василевски: СДСМ е класичен пример за катинар партија

Денешниот собир  на СДСМ во Охрид го оквалификуваме како враќање  на злосторниците на местото на злосторот и укажуваме дека денешниот собир на СДСМ претставува врв на лицемерието кое може да го има една политичка партија. Ова го истакна на денешната прес-конференција кандидатот за пратеник од ВМРО ДПМНЕ во ИЕ5 Д-р Сашо Василевски.

„Токму во градот Охрид во кој со нивно 8 годишно владеење оставија над 50 милиони евра долг, денес СДСМ преку нивниот митинг ќе даваат ветувања на стандардот за подобрување на нашето општество. Се прашуваме каде им е образот и политичкиот морал и дали воопшто го имаат? Зарем се толку политички наивни па мислат дека охриѓани, а и целокупната македонска јавност заборавила дека Охрид е токму пример на нивната политичка негација. Зарем мислат дека граѓаните заборавија дека токму нивниот кандидат за пратеник беше заменик градоначалник во Охрид, во исто време координатор на пратеничката група во  Општинскиот совет и координатор на партијата во Охрид, во време на правење на најголемиот долг, на една општина воопшто виден во Европа. Токму градот Охрид и она што ти го направија со него е пример за тоа што сакаат да направат во иднина доколку ја добијат власта со цела РМ. И зарем некој ќе помисли дека ќе биде поинаку ако дојдат повторно на власт“, – истакна Василевски.

Како што рече тој,  од друга страна незамисливо било прикажувањето на СДСМ за план на живот.

„Нивниот план за живот добро го согледавме во времето на нивното владеење кога огромен број на фабрики беа затворени, кога приватизацијата беше корисна само за поединци, кога немаше закон за јавни набавки, кога СДСМ и нивните пулени се збогатуваа, а Македонија се осиромашуваше, кога се испуштаа работници од работа. СДСМ е класичен пример за катинар партија, во Охрид во најболната транзиција затворени над 34 компании, брутално избркани на улица наши родители, дедовци, 21.000 луѓе од Охрид. Ова ли е примерот за вашиот план за живот? Во ваше време над 600 фабрики беа затворнеи во Македонија и 240.000 луѓе исфрлени на улица. На што ви асоцира оваа бомбона? На бомбона бизнисот? На носителката на ИЕ 5, со нејзиниот потпис за приватизацијата на Електростопанство на Македонија, само во Охрид, за еден ден беа исфрлени 60 семејства на улица. Тоа е план за живот?, праша Василевски.

pressvasilevskivmrodpmne03

Василевски ги повика од СДСМ да одговорат на охриѓани за изјавите поврзани со двојазичноста на целата територија на Р.Македонија, за нарушувањето на унитарноста и воведување на федерализацијата и кантонизацијата на Македонија.

„Дали се залагаат доколку е потребно, што можевме да видиме од изјавата на нивниот лидер Зоран Заев за промена на уставот на РМ? Тоа е ништо друго, туку план за разгорување на етничката нетрпеливост, тоа ние и ВМРО ДПМНЕ со коалицијата За подобра Македонија нема да го дозволиме. Како помислуваат од СДСМ да се амнестираат пред македонскиот народ, но и пред идните поклоленија кога допираат теми кои се сензибилни за сите нас. Зарем стигнаа до таа мера да мора да започнат, да продаваат се што е македонско, само да се дојде на власт? Зарем цената за нив е да ја продадат Македонија? Вечерва ќе бидеме и вие и сите охриѓани,целата македонска јавност, сведоци на огромен број на паушални изјави, без никаков конкретен план, за зголемување на плати, за зголемување на пензиии, за вработувања, но сето тоа е само дел од лагите на СДСМ“, рече Василевски.

Како што рече Василевски, во Охрид се реализираат двете странски инвестиции ОДВ Електрик и Костал , кои во 2017  година директно ќе бидат ангажирани над 2000 вработувања.

„Победата ќе се издвојува на 11ти декември и несомнено ќе стави крај на политичката криза и крај на уште еден обид, СДСМ да дојде на власт на нечесен и перфиден начин.“-  додаде Василевски.

pressvasilevskivmrodpmne01

WebOhrid