ВМРО-ДПМНЕ: Вашиот план за живот се докажува на дело кога Македонија веќе две години ја држите во политичка криза

Во врска со прес-конференцијата на ОО на СДСМ Охрид, реакција испрати ОК на ВМРО-ДПМНЕ Охрид. Во неа стои:

„Очигледното повторување на истите пресови и теми на СДСМ е непобитен факт за нивната безидејност. Истите пресови со различни говорници не ја прават и различна тематиката, тоа е основно правило кое треба да го знаат во Вашата политичка партија.

Во однос на Вашиот прес Ве насочуваме на нашата реакција која ја доставивме пред некој ден и во која меѓудругото од Вашата партија побаравме ставови и одговори на кои до ден денес не добивме одговори.

Можеби кандидатот за пратеник од СДСМ за ИЕ5 Стефоска ќе се одважи токму таа да даде одговори на претходно поставените прашања но и да ги констатира и образложи целокупната приватизација со која поголем дел од родителите на младите лица останаа без работа без можност за егзистенција.

Од друга страна погледнете ги фактите и зборувајте со факти кога зборувате за младите и нивната невработеност кога од 2005 година со процент од 38, 7 денес процентот е рекордно намален на 24. Во образовниот процес кој го споменувате се донесени капитални реформи и проекти а токму преку нашата програма РЕАЛНО ќе има континуиран прогрес во образованието.

Вашиот план за живот се докажува на дело кога Македонија веќе две години ја држите во политичка криза и под постојана пресија. Но на таквиот план за живот токму граѓаните на Република Македонија ќе ви пресудат кога целосната доверба ќе ја дадат за ВМРО ДПМНЕ.“ – стои во реакцијата од ОК на ВМРО-ДПМНЕ Охрид.