Вечерва, по повод 8 Декември, Денот на градот Охрид- Свети Климент Охридски и одбележувањето на 1.100 години од неговото упокојување, во големата сала на Центарот за култура „Григор Прличев“ , со почеток во 19 часот и 30 минути, ќе се одржи Свечена академија.
На академијата ќе се обрати градоначалникот Никола Бакрачески, ќе бидат доделени највисоките општински признанија, наградата и повелбата Свети Климент Охридски-Патронот на градот, а ќе се одржи и специјална културно-уметничка програма.
Денеска во 12.00 часот во изложбениот салон на Центарот за култура „Григор Прличев“ ќе се одржи промоција на 80 получасовни документарни емисии за минатото на Охрид „Охрид во моите спомени “ од Илче Стојаноски, во 18.30 часот ќе биде отворена традиционална изложба на Фото клуб „Охрид“, а во 19.00 часот ќе биде отворена
изложба на роднокрајни ликовни уметници.
Чествувањето продолжува утре, 8 декември, во 10 часот со поклонение пред пред моштите на свети Климент во Светиклиментовата црква на Плаошник, продолжува во 10.30 часот, со полагање свежо цвеќе на споменикот на „ Св. Климент Охридски“ кај истоименото основно училиште,во 11.00 часот во комплексот на црквата Св.Богородица ќе има откривање спомен-плоча посветена на Михајло Пупин, откривање спомен-плоча посветена на старото дрво кочеџик и пригодна изложба на стари фотографии од комплексот на Перивлепта и од градот Охрид (опфатен е периодот од 1920 до 1930 година) , а во 12.30 часот ќе се полага свежо цвеќе пред споменикот на „Св. Климент Охридски“ на градскиот плоштад.
Свеченостите завршуваат во 19.00 часот со Свечена приредба по повод патрониот празник на ОУ „Св.Климент Охридски“ што ќе се одржи во големата сала на Центарот за култура „ Григор Прличев“.