Две лица кривично пријавени за „кражба“ и за „прикривање“

Во рамки на ОА Гора во текот на минатиот месец од страна на ЕЕКК поднесени се две кривични пријави против две лица за сторени две кривични дела од кои едно кривично дело- “кражба“(по чл.235 ст.3 од КЗ на Р.М.) и едно кривично дело – “прикривање“ (по чл.261 ст.2 од КЗ на Р.М).

Првата кривична пријава поднесена е против Ќ.С. (33) поради основано сомнение за сторено кривично дело „кражба“. Имено пријавениот Ќ.С. со намера за противправно присвојување на 19.09. годинава, со употреба на погодно средство од туѓа шума извршил бесправна сеча и одзел повеќе стебла дрво – даб. Иако знаел и бил свесен дека непоседува одобрение за сеча и безправно исечените огревни дрва во вкупна количина од три метри кубни без јасно видлив шумски жиг и без соодветна документација за транспорт ги натоварил во ПМВ-Комбе марка “Мерцедес“, без регистарски ознаки и го напуштил местото на настанот упатуваќи се во населба Илинден со намера истите да ги препродава , но во непосредна близина на место викано „стара живинарска фарма“ од страна на униформирани полициски бил сопрен и потоа донесен во просторите на ПО,,Петровец“. Вкупно проценетата штета од бесправната сеча изнесува околу 21.000. денари. Инаку ка во претходниот период против лицето Ќ.С. поднесени се две кривични пријави за сторено кривично “тешка кражба”.

Втората кривична пријава поднесена е против Т.О. (27) под сомнение за сторено кривично дело „прикривање“. Пријавениот на 26.09. годинава од засега непознато лице купил огревно дрво бука во количество од два и пол метри кубни, иако можел да знае дека огревните дрва се прибавени со кривично дело „кражба“ бидејќи истите не биле жигосани со јасно видлив шумски жиг и не биле испорачени со испратница од продавачот. Така, со наведеното инкриминирано дејствие постои основано сомнение дека пријавениот го сторил кривичното дело.