Најмалку седум лица загинаа, а 25 се повредени при експлозија на товарен воз во Бугарија

Најмалку седум лица загинаа, а хоспитализирани се 25 повредени по несреќата во која товарен воз со течен гас излетал од шините и експлодирал во селото Хитрино на североистокот на Бугарија, соопшти бугарската полиција.

Според пишувањата на бугарските медиуми, бугарскиот премиер во оставка, Бојко Борисов, се упатил кон тоа село и апелирал граѓаните да даруваат крв во болницата во местото Шумен, каде што повредените се сместени. Некои од повредените добиле тешки повреди и ќе бидат префрлени во болница во Варна.

При експлозијата биле уништени 20 објекти и иако пожарот е ставен под контрола, некои од објектите сè уште горат. Полицијата ги евакуирала жителите на селото, во случај да не се случи повторна експлозија и истражува како дошло до несреќата.

Борисов: Отстранувањето на цистерните во Хитрино засега е опасно

Извор: meta.mk

(Фото:twitter.com)