Вчера во 23:57 часот полициски службеници од ПС Охрид, при обиколка на изборно место бр.1296, лоцирано во с.Велестово, охридско, забележале дека десната влезна врата од објектот-трпезарија од црквата Пресвета Богородица, каде се наоѓал избирачкиот материјал, не била заклучена.
На местото излегол Претседателот на избирачкиот одбор, кој кажал дека нема клуч од наведената врата, односно имал клуч само од левата врата од каде бил внесен избирачкиот материјал за тоа изборно место и дека при заминување од избирачкото место не проверил дали десната врата е заклучена. По консултација со советникот од оперативниот штаб во МВР, на претседателот на избирачкиот одбор му било укажано, доколку со членовите на избирачкиот одбор констатираат недостатоци или уништување на избирачки материјал веднаш да информираат за преземање понатамошни мерки.