Дваесет и девет лица загинаа, а 166 се ранети во двете експлозии кои синоќа се случија во близина на стадионот на клубот „Бешикташ“ во центарот на Истанбул, соопшти турскиот министер за внатрешни работи Сулејман Сојлу.
Целта на нападот бил полициски автобус и најголем дел од загинатите биле полицајци.
„Прво експлодирал автомобилот-бомба, а една минута подоцна се разнел бомбашот-самоубиец“ – информираше министерот Сојлу.
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган овој напад го оцени како терористички, чија што цел била да има што поголем број на жртви.
Експлозиите одекнале два часа по завршување на натпреварот помеѓу фудбалските клубови „Бешикташ“ и „Бурсаспор“.
Засега никој не ја презеде одговорноста за нападот.
Извор: meta.mk