Именувани в.д. директори на охридските општински училишта

Од денеска со Решение на градоначалникот Никола Бакрачески именувани се вршители на должноста Директор во пет основни училишта во општина Охрид.

Во основното училиште „Григор Прличев„ нов в.д. Директор е Силвија Мојсоска , во ОУ „ Св. Климент Охридски“ – Јордан Пуроски , во ОУ „Св. Наум Охридски“ с. Пештани – Илија Стојаноски, во ОУ „Кочо Рацин“ – Соња Милеска.

Нина Момироска заради постигнатите добри резултати во изминатиот период од своето работење и понатаму ќе ја извршува должноста Директор во ОМУ „Методи Патче“.

Во јавната општинска установа Детска градинка „Јасна Ристеска“ новиот вршител на должност директор ќе биде Роза Костоска.