Земјите од Дримскиот басен во Приштина дискутираат за прогресот во прекуграничната соработка

Во Приштина утре и задутре ќе се одржи четвртата конференција во рамките на Дримскиот процес и ГЕФ Дримскиот Проект. Повеќе од 100 преставници на различни институции, министерства, меѓународни и регионални институции ќе бидат присутни на настанот кој значи заедничко согледување на активностите во дримскиот процес. Воедно со овој настан се одбележуваат и 5 години од потпишувањето на Меморандумот за заедничка визија на Дрим и една година од иницијацијата на ГЕФ Дримскиот Проект. Конференцијата е организирана заедно со 3-тиот состанок на состанок на Експертските работни групи кој се одржува на 13. 12.2016 и 12 состанок на Дрим Кор групата на 15.12.2016 година.

На сите работни средби и на конференцијата се очекува да се изрши согледување на развојот на процесот во последната година околу управувањето со Дримскиот Басен. Ќе бидат разгледани и активностите околу подготовка на Менаџмент планот за Дримскиот Басен и можностите за координирана акција за управување со заштитените подрачја на ниво на суб басени.

Инаку во рамките на ГЕФ Дримскиот Проект веќе се работат мониторинотг за квалитетот на водите во сливот, социоекономски анализи на сливот, како е теметски извештаи за состојбите со биодиверзитетот, загадувањето и хидрологијата на Дримскиот Басен. Сето тоа ќе биде во склоп на главниот документ на првата фаза на Проектот: Прекуграничната Дијагностичка анализа на Дримскиот Басен која ќе биде пропратена со изготвен Стратешки акционен План.

brosh