Банкнотите од 5.000 денари заминуваат во историјата

Банкнотите од 5.000 денари заминуваат во историјата. Народната банка на Република Македонија од утре (15 декември) ќе ги пушти во оптек банкнотите од 200 и 2.000 денари, а истовремено ќе ги повлече од оптек банкнотите од 5.000 денари.

Како што информираше НБРМ, одлуката за издавање на книжни пари во апоени од 200 и 2.000 денари е произлезена од реално согледаната потреба за ребалансирање на постоечката апоенска структура на книжните пари во оптек. Исто така, според НБРМ банкнотите со апоенска вредност од 5.000 денари не биле прифатени од пошироката јавност заради нивната висока номинална вредност.

Граѓаните од утре ќе можат да ги разменуваат банкнотите од 5.000 денари само во банките низ Македонија, најдоцна до 28 февруари 2017 година, од кога нивната замена ќе продолжи да се врши само во Народната банка на Република Македонија.

WebOhrid