Здружението на банкарството при Стопанската комора на Македонија традиционално го одбележа Светскиот ден на штедењето

Здружението на банкарството при Стопанската комора на Македонија денес го одбележа Светскиот ден на штедењето – 31 Октомври, на свечена седница на којашто присуствуваа м-р Димитар Богов, гувернер на Народната банка на Република Македонија, д-р Драган Тевдовски, министер за финансии во Владата на Република Македонија, Бранко Азески, претседател на Стопанската комора на Македонија, претставници на банките и штедилниците во Република Македонија, како и претставници на повеќе институции со коишто Здружението на банкарството има воспоставено одлична деловна соработка. Во своето обраќање, Коста Митровски, претседател на Здружението на банкарството при Стопанската комора…

повеќе...

Пуштенa во оптек кованaтa парa за колекционерски цели „Света Матрона Московска“

Народната банка на Република Македонија ја известува јавноста дека е издаденa и пуштенa во оптек кованaтa парa за колекционерски цели „света Матрона Московска“ („Службен весник на Република Македонија“ бр. 213/16). Кованата пара „света Матрона Московска“ ги има следниве карактеристики: – на аверсот, во горниот дел од монетата се прикажани грбот на Република Македонија, натписот „100 дeнари“ на македонски јазик, како и годината на издавање „2017“, ознаката „Ag 925“ и тежината на монетата „31.1 g“. Во централниот дел од аверсот е прикажан дел од Покровскиот манастир во Москва, каде што се…

повеќе...

Банкнотите од 5.000 денари заминуваат во историјата

Банкнотите од 5.000 денари заминуваат во историјата. Народната банка на Република Македонија од утре (15 декември) ќе ги пушти во оптек банкнотите од 200 и 2.000 денари, а истовремено ќе ги повлече од оптек банкнотите од 5.000 денари. Како што информираше НБРМ, одлуката за издавање на книжни пари во апоени од 200 и 2.000 денари е произлезена од реално согледаната потреба за ребалансирање на постоечката апоенска структура на книжните пари во оптек. Исто така, според НБРМ банкнотите со апоенска вредност од 5.000 денари не биле прифатени од пошироката јавност заради нивната висока…

повеќе...

Народна банка предупредува за ризиците поврзани со ONECOIN и останатите „дигитални“ (крипто) валути

По добиени информации за постоење на дигитална (крипто) валута ONECOIN во која инвестираат и граѓаните на Република Македонија, Народната банка изврши анализа на оваа дигитална валута, како и начинот на кој се вршени трансакциите за нејзиното купување. Со денешното соопштение, Народната банка сака да укаже на постојната законска регулатива поврзана со овој вид трансакции, но и високите ризици кои ги носи инвестирањето, чувањето и разменувањето на оваа дигитална (крипто) валута. Народна банка ја информира јавноста дека, во изминатиот период, повеќе странски регулаторни тела издадоа слични соопштенија за оваа дигитална валута.…

повеќе...

„Водовод“ Охрид: Задоволни сме од програмата за електронска наплата на сметки

Од РЕ Водовод Охрид изразуваат задоволство од програмата за електронска наплата на сметките на домаќинствата преку www.evodovod-ohrid.com.mk изработена од Ентер ДОО Охрид и во соработка со Тутунска банка која започна во мај 2016. Оттаму велат дека бројот на корисници постојано се зголемува. На овој начин се врши: – Пратење на современите трендови за електронско плаќање, – заштеда на време на корисниците на услугите на РЕ Водовод – Охрид, – избегнување на шалтери по банки, пошти, наплатни центри, – придонес во унапредување на екологијата, укажувајќи дека се опфатни целните групи, не само…

повеќе...

Банките стабилни – штедењето расте, но помалку од лани

Банкарскиот сектор во Македонија е стабилен. Депозитниот потенцијал на банките е 4,7 милиони евра и тој постојано расте. Растот во септември на годишно ниво изнесува 6 проценти, но сепак е штедните влогови особено на населението се намалени под влијание на двата шока годинава од политички аспект. Ова беше истакнато денеска по повод Светскиот ден на штедењето – 31 октомври, кое 17 години го одбележува Здружението на банкарството при Стопанската комора на македонија. „Штедењето е клучниот столб на стабилноста на финансискиот систем и сите ние заедно Владата, Народна банка и банкарите…

повеќе...

Малите и средните претпријатија ќе добијат поддршка од Фондот за иновации, но треба и од банките

Финансискиот сектор во Македонија е стабилен, со позитивни трендови. Раст бележат депозитите и кредитите, кои пак се повеќе насочени кон поголемите претпријатија, а многу малку кон малите и средните претпријатија и почетните бизниси. Ова беше истакнато на 12. Конференција за финансии, деловни можности и економски развој – ФИНЕКСПО 2014, што се одржа денеска во Скопје. „Финансискиот сектор има позитивни трендови. Имавме висок степен на стабилност и ја задржавме и во услови кога Европа се соочуваше со висока нестабилност, но сега освен таа финансиска стабилност имаме и поосетна поддршка од финансискиот…

повеќе...