Работник од Албанија загина при одрон на земја при градежни работи кај Св.Стефан

Вчера околу 14:00 часот во населба Свети Стефан во Охрид, при изведување на градежни работи, дошло до лизгање на земјиштето и одрон на земја, при што затрупан бил С.Б.(49) од Р.Албанија, кој починал на местото.

Од страна на лекар од Итна медицинска помош констатирана е смрт. Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и екипа од СВР Охрид. По наредба на Јавен обвинител, ќе се врши обдукција над починатиот во ЈЗУ Битола.