Ревија на народни носии од Македонија

Во Музејот на македонската борба се одржа ревија на народни носии од Македонија. На ревијата, која се реализираше со поддршка на Министерството за култура, се претставија членовите на националната установа Ансамбл за народни игри и песни на Македонија “Танец” кои презентираа 47 народни носии од различни региони на Македонија.

Ова е втора ревија од ваков вид на “Танец” на која се презентираат важни сегменти од богатата етнолошка традиција на нашата земја.

img_0500_medium-001