Денес на денот кога го прославуваме споменот на великиот равнител за верата и правилото на кротоста, светиот Николај Мирликиски Чудотворец, во храмот „Св. Никола Геракомија“ во Охрид, беше отслужена света архиерејска Литургија. Со литургијата чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на архимандритот Партениј, протоерејот Никола Христоски, свештеникот Љупчо Симиџиески, еромонахот Доситеј, протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски и ѓаконот Сашо Целески.
По завршувањето на Литургијата, Митрополитот Тимотеј се обрати пред многубројниот верен народ со пригодна беседа. По Литургијата, во резиденцијата на Митрополитот Тимотеј, а по повод куќната слава на Митрополитот, беше прекршен празничниот колач.