Силен земјотрес со јачина од 6,5 степени според Рихтеровата скала денеска ги потресе северните делови на Австралија, но засега нема извештаи за евентуална штета или повредени.
Предупредување за цунами не е објавено, соопшти американскиот сеизмолошки завод.
Земјотресот е регистриран во морето, кај источниот брег на Индонезија, на околу 270 километри од Дили, на длабочина од 158 километри.
Извор: meta.mk
(Фото: Flickr)