ОЕМУЦ „Св.Наум Охридски“ прослави 50 години постоење

Со пригодна свеченост, синоќа во просториите на училиштето, ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ го прослави јубилејот 50 години од неговото постоење.

Директорот на ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ , Јане Цаноски, во пригодното обраќање изрази голема благодарност до колективот на училиштето, но и до сите оние кои дале свој придонес од основањето до денес. Во име на општина Охрид, присутните ги поздрави заменик градоначалникот, Ангел Јанев, кој им го честита јубилејот и им посака училиштето да постигнува уште поголеми успеси.

Во рамки на свеченоста беа доделени благодарници на пензионираните професори и на учениците кои постигнале успех на некој натпревар.

Манифестацијата беше збогатена со културно уметничка програма и хуманитарен базар каде беа изложени ракотворби изработени од учениците во училиштето.