Почина писателот Мето Јовановски

По кратко боледување вчера во кругот на семејството на 88 годишна возраст почина писателот Мето Јовановски. Јовановски беше претседател на Македонскиот ПЕН центар и прв претседател на Хелсиншкиот комитет за човекови права.

Во кариерата долга шест децении, творештво на Јовановски брои над 30 книжевни дела. Објавуваше збирки песни, раскази, романи, песни за деца, а од нив, особено расказите, се објавувани на повеќе светски јазици, а Јовановски преведуваше од англиски и руски јазик.

Јовановски ќе биде погребан в недела во неговото родно Брајчино, а во понеделник во 13 часот ќе се одржи комеморација во ГЕМ клубот во Скопје.

Извор: meta.mk