Честитка од Заев за Божик до граѓаните кои го празнуваат: Славете го животот!

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, во чест големиот празник Рожденство Христово Божик испрати честитка до Скопскиот бискуп и Апостолски егзарх во Македонија, Киро Стојанов и до сите верници кои го празнуваат, во свое име и во име на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија.

„На овој празник на раѓањето, славете го животот. Доаѓаат добри денови во кои вредностите кон коишто се определивме, чесноста, храброста, меѓусебната почит и разбирање, толеранција, трпението, отвораат пат за квалитетен живот на сите граѓани на Македонија.

Духовната сила `не исправи гордо пред предизвиците, ни помогна во цврстината и во одлучноста да ги браниме вистината и правдата и еве сме денес благословени за исполнувањето на овие човекови обврски, пред себе, пред семејството, пред своите деца, пред заедницата во којашто живееме.

Да продолжиме го следиме гласот на гласот на совеста. Да помагаме и да сакаме. Заедно ќе создадеме општество на среќни граѓани.

Среќни Божикни празници. Поминете ги во спокој, заедно со вашите сакани“.- стои во честитката.