Поставена и украсена подводната елка во Охридското Езеро

Доследни на традицијата, охриѓани годинава ја украсија подводната елка, која, по 15. пат, нуркачите од Нуркачкиот центар „Амфора“ и на Клубот за подводни активности „Охрид“, ја поставуваат во езерските води кај Заливот на коските.

И годинава, партнер им беше Сојузот за подводни активности на Македонија.

„Подводниот“ Дедо Мраз на најмладите помеѓу присутните им подари новогодишни пакетчиња.

Овој пат китењето на подводната елка беше посветено на децата со ретки болести.

Извор: meta.mk