Пријавен случај на „примање на поткуп при гласање“ во Теарце

Во врска со пријавениот настан на 24.12.2016 година во СВР Тетово за сторено кривично дело – “примање на поткуп при гласање“ по член 162 од КЗ на РМ од страна на СВР Тетово превземени се мерки и активности за расчистување на случајот. Притоа, изготвен е записник за прием на кривична пријава во кој пријавителот пријавил дека две лица С. Ш и Ф.И во периодот од 22.12.2016 до пријавувањето на 24.12.2016 година година вршеле кривично дело – “поткуп при избори и гласање“, на тој начин што, во вечерните часови биле кај пријавителот и уште во неколку семејства во с.Теарце на кои им нуделе од 100 до 500 евра за еден гласач, за да не го остварат своето избирачко право.

Наедно, ги барале нивните личните карти или нивни копии. Од обавениот разговор со пријавителот е утврдено дека на 22.12.2016 година лицето С.Ш дошол во неговиот дом и ги побарал личните карти од членовите на неговото семејство кои имаат право на глас и побарал да не гласаат за што ќе му бидат дадени парични сретства. Пријавителот не ја прифатил ваквата понуда.

По добиената пријава и обавениот службен разговор, за поднесената пријава е известен Дежурниот јавен обвинител при ОЈО Тетово. Од негова страна е наложено вклучување на ОКП Тетово за превземање на сите мерки и активности за расчистување на случајот и дадена е насока да се повикаат лицата наведени во Записникот за прием на пријава и со истите да се извршат службени разговори. Притоа, од страна на ОЈО при ОЈО Тетово на началникот на ООК-ОКП Тетово му се дадени насоки лицата што се посочени во записникот како сведоци и можни сторители да не се повикуваат во СВР Тетово во текот на 24.12.2016 година и 25.12.2016 година со цел да не се прекине изборниот процес и со постапката да се продолжи од понеделник 26.12.2016 година.

Од страна на СВР Тетово во врска со пријавениот настан за сите превземени мерки и дејствија сочинет е службен материјал и известување до ОЈО Тетово.