Несовесни граѓани вторпат запалија палма во Струга. И овојпат тоа се случи во строгиот центар на градот, но сега дури пред зградата на Општина Струга.
„Навремената реакција од страна на ТПЕ Струга го спречи ширењето на огнот. Не е првпат да се случува ваков вандалски чин и тоа мора да се осуди“ – реагираа од Општина Струга.
Истовремено упатија апел до сите граѓани да ја зголемат свеста за општественото богатство и да ги пријавуваат ваквите случаи до инспекциските служби или до локалната полиција.
Пред само една недела беше запалена палма на кејот „Македонија“ во Охрид, што, исто така, не е прв случај.
Извор: meta.mk