Агенцијата за храна и ветеринарство во хумана мисија

Во пресрет на новогодишните и божиќните празници, Агенцијата за храна и ветеринарство во соработка со хуманитарната организација Ангелчиња, организира предновогодишна прослава за децата заболени од церебрална парализа и дечињата со оштетен слух и говор. Багери, камиони, барбики и многу други играчки побараа децата од Дедо Мраз кој им подели новогодишни пакетчиња.

Агенцијата за храна и ветеринарство како општествено одговорна институција и во иднина ќе остане посветена на давање поддршка и помош на граѓаните во рамки на законските надлежности, пред се на најмладата популација – децата, во кои во изминативе години препозна потенцијално одговорни потрошувачи на чија едукација континуирано работи.

Пред Божиќ, Агенцијата за храна и ветеринарство и хуманитарната организација Ангелчиња ќе поделат новогодишни и божиќни подароци и за болните дечиња од церебрална парализа од Штип.