Новогодишен ручек за социјално ранливите граѓани на Охрид

Градоначалникот Никола Бакрачески денес приреди новогодишен ручек за социјално најранливата категорија на граѓани од Охрид. Оваа традиционална средба се одржа во ресторанот на ОУТУ „Ванчо Питошески“, а беше организирана во соработка со Црвен Крст – Охрид. Во името на локалната самоуправа, градоначалникот на присутните граѓани им посака многу здравје и посреќни денови во новата 2017 година.

Новогодишниот ручек беше подготвен за 150 семејства, а на секое дете му беше доделено новогодишно пакетче.