Хуманитарна акција во ОУ „Григор Прличев“за помош на Јана Арсовска

Ученици од ОУ „Григор Прличев“ Охрид самоиницијативно се вклучија во минатонеделната акција во организација на Црвен Крст за собирање на парична помош за нашата сограѓанка Јана Арсовска.

По повод Новогодишните празници организираа продажен саем на кој ги продаваа рачните изработки (изработени на часовите по ликовно образование, творештво и англиски јазик).

„Се разбира удел имаа и родителите кои ги купуваа изработките, како и наставничките Славица Мојсоска и Елена Пендова кои ги организираа работилниците за изработка.“– велат од училиштето.

img_9519

„Учениците беа едногласни собраните средства да бидат дадени како помош. Истите беа уплатени од страна на еден наш родител на соодветната жиро сметка.“– додаваат оттаму.

img_9539

Учениците од V 3, како и вработените од ОУ „григор Прличев“ ги честитаат празниците и на сите им посакуваат добро здравје.

img_9545