Градоначалникот Никола Бакрачески денес приреди новогодишен ручек за социјално најранливата категорија на граѓани од Охрид. Оваа традиционална средба се одржа во ресторанот на ОУТУ „Ванчо Питошески“, а беше организирана во соработка со Црвен Крст – Охрид. Во името на локалната самоуправа, градоначалникот на присутните граѓани им посака многу здравје и посреќни денови во новата 2017 година.
Новогодишниот ручек беше подготвен за 150 семејства, а на секое дете му беше доделено новогодишно пакетче.