ОК на ВМРО-ДПМНЕ испрати честитка до граѓаните по повод Новата 2017 година, во која се вели:
Секоја нова година претставува предизвик за достигнување на нашите зацртани цели. Својствено за сите нас е токму новата година да биде момент за да се направи ретроспектива на сите настани и случки во изминатата година и можност за се она што треба да го направиме како најголема политичка опција во Охрид и Македонија во наредната година.
Секој нова година носи свои предизвици а таков еден предизвик кој стои пред нас во 2017 година се локалните избори кој сите ние заедно треба да ги поминеме во фер и демократски процес.
Исто така сигурни сме дека 2017 година ќе биде година без политичка криза, година во која нашата земја ќе се движи кон постојан прогрес и развој.
ОК ВМРО ДПМНЕ Охрид во новата година им посакува на сите успешно реализирање на своите предизвици и успешно презентирање на своите можности и зацртани цели. Сепак како приоритет ОК ВМРО ДПМНЕ Охрид им посакува на сите сограѓани година исполнета со здравје, а потоа со среќа, благодет и љубов!“ стои во честитката.