ОО на СДСМ Дебрца испрати Новогодишна честитка до граѓаните:
„Почитувани граѓани на Дебрца, драги пријатели,
Секој граѓанин заслужува подостоинствен живот, заслужува да биде разбран, почитуван, спокоен, радосен, бидејќи во сето тоа е смислата на нашето живеење.
Затоа, нека 2017-та година биде година на животот, кој го избравме. Година кога Македонија ќе стане нормална држава, општество на слободни и среќни граѓани. За децата да ни останат дома.
Нека биде година кога животот и насмевките на граѓаните ќе се вратат насекаде, вклучително и во општина Дебрца.
Ве повикуваме заедно да ги прифатиме предизвиците кои не очекуваат во 2017 година, заедно идеите да гис претвориме во дела и заедно да се гордееме со она што ќе го сработиме.
Имајте верба во себе. Имајте верба во вистинските вредности и продолжете да ја негувате љубовта во Вашите срца.
Ви посакуваме здравје, среќа, успех, спокој, семејна хармонија и благосостојба и живот по ваша мерка, живот каков што заслужувате.
Нека Ви е среќна Новата 2017 година.“– стои во честитката.