Традиционален концерт по повод празникот Василица

Македонска опера и балет, традиционално и оваа година го организира концертот Василица, настан кој се одржува со поддршка на Министерството за култура и е еден од најпопуларните меѓу публиката …

На 12 јануари, со почетокот во 20 часот, на сцената на Македонска опера и балет, ќе биде изведен традиционалниот Василичарски концерт.

Како и сите години наназад, и оваа година, концертот има своја тематика. МОБ оваа година ги слави заборавените традионални македонски песни, а воедно ќе бидат изведени и најпопуларните македонски традиционални песни. Покрај оркестарот на МОБ, на сцената вокално ќе настапи Андријана Јаневска, а дирегент е Бисера Чадловска.

За композициите кои ќе бидат изведени на овој концерт, композиторот Илија Пејовски изработи нови аранжмани, режисер на концертот е Љупка Јакимовска.