Воведена забрана за движење на тешки товарни возила на патот Гостивар – Кичево

Поради врнежи од снег воведена е забрана за движење на тешки товарни возила на патниот правец Гостивар – Кичево преку планински премин Стража, како и на патниот правец крак Маврово – Дебар.

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози. Врнежи од снег се бележат во Крива Паланка, Страцин, Куманово, Тетово, Гостивар, Попова Шапка, како и на планинските премини Стража, Кула и Маврово.