Екипите на ЈП „Охридски Комуналец” започнаа со расчистување на чаршијата после обилните врнежи на снег кои го зафатија градот пред неколку дена.
„Во наредните денови, покрај машинското, ќе се продолжи и со рачно чистење на јавните површини, како и на тротоарите и патеките кои се наменети за пешаците.“– информираат од претпријатието.