Поднесена кривична пријава за стружанец кај кого била пронајдена дрога

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Ј.П.(33) од Струга поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсорси” и „овозможување на употреба наркотични дроги”.

На 16.07.2016 година во 14,30 часот во кругот на медицински центар Охрид, бил затекнат пријавениот како управува возило и при извршен претрес биле пронајдени најлонска паковка со опојна дрога метамфетамин со нето маса од 0,44 грама и најлонска паковка со опојна дрога марихуана со нето маса 2.35 грама, од која дрога пријавениот на Р.Д. во Охрид и дал да користи опојна дрога марихуана и метамфетамин.