Продолжуваат активностите на ЈП „Охридски Комуналец” за расчистување на улиците и тротоарите од снег и мраз низ градот.
Денес и вчера од раните утрински часови екипи на претпријатието беа ангажирани на попрскување на тротоарите со сол и песок по повеќе улици, со цел побезбедно движење на пешаците. Опфатени беа улиците: „Јане Сандански“, „Питу Гули“, „7ми ноември“, „Гоце Делчев“, дел од бул. „Туристичка“ и во стариот дел од градот, информираат од претпријатието.
Покрај овие активности, дел од екипите се ангажирани за рачно чистење и отстранување на мразот по пешачките патеки со користење на казми и лопати. Во наредните денови екипите ќе продолжат со активностите и по другите улици и патеки, каде што е отежнато движењето на пешаците.