Доделени наградите за најубаво украсен новогодишен двор

Денес во Општина Охрид, беа доделени наградите за најубаво украсен двор. Годинава во избор на девет учесници, првата награда ја освоија Иванка и Бруно Гигер, второто место е за семејството на Наумче Неданоски, а третата награда за Антоанета Тасеска.

Признанијата ги додели секретарот на Општина Охрид Димитар Спасески, кој го истакна задоволството од учеството во акцијата, со која градот не само во центарот, туку и во другите градски населби го има празничниот амбиент со украсените дворови.

Првонаградените сопружници Гигер, средствата од наградата ќе ги донираат за семејството Садик, чиј дом неодамна беше уништен во пожар.